Пролетта низ зборови и креативност

По повод 21 Март – Денот на пролетта и екологијата, учениците покажаа креативност и желба за учење преку интересни активности по предметот англиски јазик. 🌸🌿
 
Учениците од четврто одделение од ПОУ Мршевци изработија хамер со гатанки на англиски јазик, користејќи вокабулар поврзан со пролетта, додека учениците од петто одделение креираа мал речник со зборови на истата тема.
 
Преку ваквите активности се поттикнува љубопитноста, се збогатува речникот и се развива креативноста кај учениците, а воедно се јакне и свеста за значењето на природата и нејзината заштита. 🌼📚
 
Одговорен наставник
Емилија Стојановска

Галерија