Ликовни творби на тема пролет и екологија

Учениците од прво и второ одделение од ПОУ Мршевци го одбележаа 21 март – Денот на пролетта и Денот на екологијата преку изработка на ликовни творби.
Со едноставни, но многу креативни и шарени изработки, тие ја прикажаа убавината на пролетта и значењето на чистата и здрава животна средина. Преку цртежите, учениците испратија силна порака за љубовта кон природата и грижата за нејзиното зачувување.
 
Одговорен наставник:
Габриела Младеновска

Галерија