Денес во ПОУ Мршевци се одбележа 21 март – Денот на пролетта и Денот на екологијата, преку низа активности насочени кон грижа за природата и подигање на еколошката свест.
Учениците активно се вклучија во разубавување на училишниот двор со засадување цвеќиња, со што придонесоа за поубава и попријатна училишна средина. Исто така беа украсени и училниците и ходниците на училиштето. Дополнително, беше реализирана и акција за собирање отпадоци во дворот и училишното игралиште.
Преку ваквите активности, учениците учат колку е важно да се грижат за животната средина, да ја чуваат природата и да развиваат одговорни навики уште од најмала возраст. На овој начин се подига свеста за значењето на чиста и здрава околина, како за нас, така и за идните генерации.
Одговорни наставници:
Јованка Грозданоска
Габриела Младеновска
Сунчица Митровска
Мерима Тушевска