Онлајн средба во рамки на еТвининг проект

Во рамки на eTwinning проектот „Think with STEAM“, учениците од четврто одделение од ПОУ Мршевци имаа можност виртуелно да се сретнат со своите врсници од партнерските земји Турција, Украина, Романија и Грција.
За време на оваа онлајн средба, учениците споделија дел од своите знаења за познати научници, филозофи, уметници и личности кои оставиле значаен белег во историјата. Нашите ученици накратко го претставија животот и делото на познатата уметница Фрида Кало, додека учениците од другите земји говореа за значењето и постигнувањата на Питагора, украинскиот кардиохирург Микола (Николај) Амосов и големиот научник и лекар Ибн Сина.
 
Ваквите активности им овозможуваат на учениците да ги прошират своите знаења надвор од рамките на наставната програма, да се запознаат со личности кои придонеле за развојот на науката, уметноста и филозофијата, но и да развиваат љубопитност, критичко размислување и почит кон различните култури.
Преку меѓународната соработка и размена на идеи, учениците стекнуваат поширока перспектива за светот околу нив. Овие искуства придонесуваат за нивното интелектуално развивање, поттикнувајќи ги да бидат отворени, креативни и мотивирани млади луѓе кои ќе ја градат својата иднина со знаење, соработка и почит кон другите.
 
Одговорен наставник: Емилија Стојановска

Галерија