Меѓународен ден на жената

По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, учениците од литературната секција реализираа креативна активност со која го одбележаа овој значаен празник.
✨Во рамките на активноста, учениците со голем ентузијазам и креативност го уредија литературното катче во училиштето и хамер. Тие изработија пригодни пораки, стихови, посветени на жената – мајката, наставничката, сестрата и сите жени кои имаат важна улога во нашето општество. Литературното ктче и хамерот беа украсени со литературни творби кои ја истакнуваат почитта, љубовта и благодарноста кон жената.
Преку оваа активност учениците ја развиваа својата креативност и љубов кон пишаниот збор. Воедно, тие покажаа дека преку уметност и литература може да се пренесат убави пораки за почитување и вреднување на жената.
🍀Оваа активност претставуваше убав начин учениците да го одбележат празникот и да ја изразат својата креативност и благодарност кон жената.
Одговорни наставници:: Андриана Митевска и Анкица Димитриевска- наставнички по македонски јазик.

Галерија