По повод обработката на лектирата „Хајди“, учениците од VI одделение реализираа креативна активност – изработка на куклички и илустрирани цртежи инспирирани од делото. По претходна анализа на делото, учениците избраа омилен лик oд романот. Дел од нив изработуваа куклички од хартија, ткаенина и други материјали, претставувајќи го ликовите како Хајди како еден од главните ликови застапени во делото. Друг дел од учениците цртаа и боеја илустрации со мотиви од швајцарските планини, домот на дедото и пријателствата во приказната.
Учениците работеа со голем ентузијазам и посветеност, покажувајќи одлично разбирање на карактерите и пораките од делото – љубовта кон природата, добрината, пријателството и семејната топлина.
Одговорен наставник: Андриана Митевска – наставник по македонски јазик