Уникатно читачко искуство

Учениците од ПОУ Текија и ПОУ Мршевци имаа уникатна можност да бидат дел од едно инспиративно читачко искуство. На денешната работилница беа претставени насловите „Соништата на камелеонот“ од Јурга Виле и „Храброто срце Хермит: ни насон без свој дом“ од Асије Јилдирим кои на интересен начин ги натераа учениците да се запрашаат за важноста за грижата за животната средина и промените кои треба да поттикнуваат од сите нас за подобра иднина. Како дел од интегрираните еко содржини во наставата, овие приказни се покажаа како одличен пример за поттикнување на свеста и насочување на учениците на правилно и одговорно однесување во грижата кон природата.

Работилницата ја водеше познатата писателка Билјана Црвенковска, претставник од издавачката куќа „Чудна шума“ и автор на познатите изданија за деца „Биби и Боби“, и Марија Павлеска основач на профилот „Мама ми чита“ чија цел е поттикнување на читање книги кај децата.

Искажуваме огромна благодарност за соработката а особено задоволство ни претставува фактот што училишната библиотека е збогатена со два современи и интересни наслови за деца.
Се радуваме на идни средби со нови наслови и инспиративни приказни. 

Галерија