Практични активности за толеранција, прифаќање и превенција на меѓуврсничко насилство

Во нашето училиште се одржа работилница за наставници со наслов „Практични активности за толеранција, прифаќање и превенција на меѓуврсничко насилство“, во рамки на Интегрираната годишна програма за заштита на учениците од насилство, злоупотреба и занемарување, спречување дискриминација и превенција на ризично однесување.
 
Работилницата имаше за цел да ги зајакне капацитетите на наставниците за создавање позитивна, безбедна и поддржувачка училишна средина. Преку практична работа беа реализирани активности како:
„Што имаме заедничко?“
„Ми се допаѓаш затоа што…“
„Слепи парови“
„Вештини на комуникација и слушање“
„Лебдење во балон“
„Моите негативни чувства“
 
Активностите се практично применливи во наставата и се насочени кон развивање толеранција, емпатија, комуникациски вештини, самодоверба и меѓусебна почит кај учениците.
Им благодариме на сите колеги за активното учество, интересот и отвореноста за споделување искуства. Само преку заедничка посветеност можеме да изградиме позитивна и поддржувачка средина за учење, во која секој ученик ќе се чувствува прифатен, безбеден и вреднуван.

 
Одговорни наставници:
Емилија Стојановска
Елена Карагунова

Галерија