Театар без граници, пријателство без растојание

Денес, во рамки на eTwinning проектот Stage Without Borders – Our International Theater, учениците од петто одделение од ПОУ Текија ги добија долго очекуваните новогодишни честитки од своите пријатели од Полска. Иако пристигнаа со задоцнување, токму затоа беа уште поголемо и поубаво изненадување.
Со искрена благодарност им се обраќаме на учениците од партнерското училиште во Полска, кои покрај рачно изработените честитки со најтопли желби за успех, среќа и нови заеднички успеси, ни испратија и мали слатки задоволства што дополнително ја разубавија атмосферата во училницата.
eTwinning заедницата, иако е современа дигитална платформа што поттикнува развивање на дигитални вештини преку бројни алатки и иновативни активности, не ја заборава вредноста на традицијата. Напротив, ваквите моменти нè потсетуваат дека покрај екраните и виртуелната соработка, постои нешто посебно и магично во пишаниот збор.
Вистинско освежување беше чувството да се испрати и добие рачно изработена и лично напишана честитка. Во времето на брзи пораки и дигитална комуникација, хартијата, ракописот и вложениот труд носат една поинаква топлина – топлина што ја чувствувавме сите денес во нашата училница.
 
Одоговорен наставник - Емилија Стојановска

Галерија