Мојата одговорност во заедницата

Во нашето училиште се одржа форум-дискусија „Мојата одговорност во заедницата“ од страна на педагогот на училиштето Кристина Ѓоргиевска и наставникот по македонски јазик Андриана Митевска.
Оваа форум-дискусија се одржа во рамки на Интегрираната годишна програма за заштита на учениците од насилство, злоупотреба и занемарување, спречување дискриминација и превенција на ризично однесување.
Учениците од VII-1 и VII-2 одделение активно учествуваа, ги споделија своите ставови и идеи и разговараа за значењето на личната одговорност и позитивното однесување во заедницата.
 
Настанот придонесе за поттикнување на свесноста за почитување и соработка меѓу учениците, каде учениците со најдобри резултати се стекнаа со Пофалница за покажано најдобро критичко размислување, одговорен пристап кон проблемите и активно учество во дискусиите.

 
Одговорни: Педагог Кристина Ѓоргиевска и наставник по македонски јазик Андриана Митевска.

Галерија