Видови на насилство

Во ПООУ Мршевци се реализираа информативни часови со учениците на тема „Видови на насилство“, каде одделенскиот наставник Габриела Младеновска преку разговор и примери од секојдневието, ги запозна учениците со различните облици на насилство, нивните последици и начини на препознавање и спречување.
Целта на активноста беше поттикнување на меѓусебна почит, ненасилна комуникација и одговорно однесување во училишната заедница.
Одговорен наставник: Габриела Младеновска

Галерија