Во нашето училиште со особена чест и гордост го обележавме Меѓународниот ден на мајчиниот јазик – 21 февруари, ден прогласен од UNESCO со цел да се поттикне почитувањето на јазичната и културната разновидност во светот.
Преку низа активности, учениците ја истакнаа убавината, богатството и значењето на мајчиниот јазик како темел на нашиот идентитет, традиција и култура. Со литературни творби, презентации, пораки за љубов кон јазикот и креативни изработки, уште еднаш покажавме дека јазикот не е само средство за комуникација, туку и чувар на нашата историја и духовност.
Горди сме што преку вакви настани ги учиме младите генерации да го негуваат, почитуваат и чуваат својот мајчин јазик, но и да ги вреднуваат јазиците на другите.
Со љубов и почит кон мајчиниот јазик – го градиме нашиот идентитет и иднина.
Одговорен наставник: Анкица Димитриевска