Меѓународен ден на мајчиниот јазик

По повод 21 Февруари - Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, учениците преку низа активности го одбележаа овој значаен ден. Со пишување свои лични прозни текстови, поделба на флаери и презентирање историски развој на македонскиот јазик, па се до денес се истакна значењето и важноста од зачувувањето на сопствениот, културниот и националниот идентитет, самобитност, култура и традиција. 📖Одбележувањето на овој ден ја подигнува и свеста кај младите да го негуваат, чуваат, творат на својот мајчин јазик како тланикот на огништето кој никогаш нема да згасне. Според нашиот кодификатор Блаже Конески - ,,Јазикот е нашата татковина " јасно се упатува порака до сите идни генерации дека треба да се биде свесен од потребата да се говори, создава, пишува на јазикот во земјата каде што си роден, да се сочува културното наследство како еден траен белег кој ќе остане длабоко врежан во срцата на сите идни генерации.📝
 
Одговорен наставник по македонски јазик, Андриана Митевска

Галерија