Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности (ПХВ)

Горди сме што шест ученици од нашето училиште земаа учество на првата од трите предвидени обуки во рамки на Програмата ПХВ, организирана од Црвен крст на Република Северна Македонија.
 
Програмата „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности (ПХВ)“ е национална иницијатива што ги вклучува младите во активна волонтерска работа и развој на лични и општествени вештини. Целта е промоција на дијалог, толеранција, солидарност и хуманост, преку учење за хуманитарните принципи и преку реализирање мали проекти кои носат позитивни промени во заедницата. Учесниците учат како да препознаат потреби во околината, да планираат активности и да работат тимски за подобро општество.
 
Нашите млади хуманисти со голема посветеност и ентузијазам го започнаа своето ПХВ патување. Им посакуваме многу успех на следните обуки!
 
Одговорен наставник: Драгица Апостоловска

Галерија