Безбедно користење на интернет

Педагогот на училиштето реализираше едукативна работилница на тема „Безбедно користење на интернет“ во второ одделение.
💻Учениците на интересен и разбирлив начин се запознаа со основните правила за безбедно користење на интернет, заштита на личните податоци, препознавање на несоодветни содржини и важноста од внимателна комуникација во онлајн средина.
🙋‍♂️Преку разговор, примери и кратки активности, учениците активно учествуваа и покажаа голем интерес за темата.
📌Ваквите активности придонесуваат за развивање на дигитална писменост и одговорно однесување кај учениците уште од најмала возраст.
Реализатор: Педагог, Кристина Ѓоргиевска

Галерија