Stage Without Borders

Денес се реализираше првата онлајн средба на учениците од петто одделение од ПУ Текија, во рамки на eTwinning проектот „Stage Without Borders“, со претставници од училишта од Полска, Турција и Македонија.
 
Средбата беше насочена кон меѓусебно запознавање, размена на мислења и истакнување на значењето на театарот како средство за изразување. Воедно, беше ставен акцент на важноста од безбедно користење на интернетот.
Овој месец на меѓународно ниво се одбележува безбедното користење на интернетот, со цел подигнување на свеста кај младите за одговорно и сигурно користење на дигиталните технологии.
Одговорен наставник: Емилија Стојановска

Галерија