-
02.2.2026
-
Сите активности, Активности
Со цел поттикнување на општествената одговорност и активното граѓанство кај младите, во нашето училиште се воведува ,,Општествено-хуманитарна работа"" за учениците од 7 одделение како активност која ќе се реализира во текот на второто полугодие за учебната 2025/2026 година. Целта на оваа општествено –хуманитарна работа е учениците активно да се вклучат во активности од општествен и хуманитарен карактер, преку кои ќе развиваат особини : емпатија, солидарност, одговорност,почитување на различностите, чувство за заедништво и грижа за околината. Учениците проследија теоретска настава и се запознаа со поимот општествено-хуманитарна работа, за општествените и економските проблеми со кои се соочуваат луѓето на глобално и локално ниво. Се разви дискусија за тоа преку кои методи и начини да им се помогне на оние на кои им е најпотребна помошта. Учениците преку оваа иницијатива ќе бидат охрабрени да предлагаат идеи и активно да учествуваат во планирањето и спроведувањето на активностите кои ќе се реализираат во периодот што следи. Веруваме дека со овие вакви или слични активности ќе придонесеме за создавање свесни, активни и одговорни млади луѓе кои ќе бидат пример и ќе придонесуваат за подобро и похумано општество. Со малку труд да направиме големи дела.
Одговорен наставник: Андриана Митевска- наставник по македонски јазик