Со почетокот на новата година, нашето училиште продолжува со инвестициите за подобрување на просторните услови за учење. Со големо задоволство ве известуваме дека комплетно е обновена опремата во училницата наменета за најмладите во централното училиште.
Набавени се 27 нови столчиња и 27 нови клупи, специјално дизајнирани и прилагодени за потребите и развојот на првачињата.
Модерниот и освежен изглед на училницата создава пријатна атмосфера која дополнително ќе ги мотивира учениците за учење и творење.
Оваа инвестиција е само дел од нашите заложби за континуирано модернизирање на училиштето.