На 23.12.2025 година, во просториите на нашето училиште, се одржа хуманитарен новогодишен базар исполнет со радост, насмевки и празничен дух.
На базарот учествуваа родителите и вработените, кои со многу љубов и посветеност подготвија вкусни слатки и солени јадења, како и прекрасни новогодишни изработки. За учениците беа организирани забавни катчиња со игри, каде што имаа можност да освојат и награди, како и катче за фотографирање кое создаде многу убави спомени.
Празничната атмосфера беше збогатена со настапот на училишниот хор, кој ги почести присутните со новогодишни песни, а неколку ученици се претставија и со изведба на музички композиции.
Се помина прекрасно, во духот на заедништвото, дарувањето и меѓусебната соработка.
Искрено им благодариме на сите кои беа дел од овој настан, кои зедоа учество и придонесоа во собирањето на паричните средства што ќе бидат донирани соодветно.
Заедно покажавме дека празниците се најубави кога се споделуваат. 
Дополнително следуваат бројни фотографии кои ја претставуваат прекрасната атмосфера.