Ве покануваме на претстојниот Новогодишен базар

Со големо задоволство ве покануваме на Новогодишниот базар од хуманитарен карактер, настан исполнет со празнична атмосфера, креативност и добрина. 🎄✨

На базарот ќе имате можност да уживате во рачно изработени производи создадени од учениците и родителите, вкусни слатки и солени задоволства, како и катчиња за игра, забава и фотографирање – совршени за создавање убави спомени.

Собраните средства од настанот ќе бидат донирани онаму каде што е најпотребно, со што заедно ќе покажеме дека хуманоста и солидарноста се најубавиот празничен подарок.

Ве покануваме заедно да креираме уште една успешна приказна, да ја споделиме радоста и да докажеме дека сплотеноста, заедништвото и желбата да помогнеме се вредности кои нè поврзуваат и нè прават посилни.

Ве очекуваме на 23.12.2025 (вторник), со почеток во 18 часот во просториите на централното училиште со насмевка и отворено срце! ❤️