На 17.12.2025 во нашето училиште беше успешно реализирана работилница за изработка на новогодишни украси.
Искрено сме благодарни на сите родители, членовите на семејствата и учениците кои зедоа активно учество и одвоија дел од своето слободно време за да придонесат кон една поголема и хумана цел. Соработката и заедничката работа покажаа колку е важно да се поддржуваме меѓусебно и да помагаме на оние на кои им е најпотребно.
Изработените новогодишни украси ќе бидат изложени и продавани на Новогодишниот базар што ќе се одржи во нашето училиште, а собраните средства ќе бидат донирани онаму кадешто е најпотребно. Сите изработки зрачат со креативност и посебна убавина, бидејќи се создадени со многу љубов, внимание и искрена желба да се направи добро дело.
Ви благодариме на сите што бевте дел од оваа приказна и што заедно покажавме дека хуманоста и солидарноста се вредности кои треба постојано да ги негуваме. 