Вовед во Википедија

На 16.12.2025 наставниот кадар од нашето училиште учествуваше на обука со наслов „Вовед во Википедија“.
 
Интеграцијата на Викимедија проектите во наставата придонесува за унапредување на наставниот процес, зголемена ангажираност на учениците и употреба на современи дигитални алатки. Преку програмите на Викимедија МКД, наставниците добиваат поддршка, обуки и ресурси за практична примена на слободните образовни содржини.
 
На настанот беа претставени мисијата и визијата на Викимедија МКД, можностите за вклучување на наставниците и примери на успешна примена на Википедија и сродните проекти во наставата. Ваквите активности ја потврдуваат важноста на Википедија како доверлив образовен ресурс и ја истакнуваат улогата на Викимедија МКД во унапредувањето на квалитетно, отворено и достапно знаење.

Галерија