Институт за македонски јазик ,,Крсте Мисирков" - Скопје.

На ден 15.12.2025 година учениците од 8 и 9 одделение од нашето училиште во придружба на наставничките по македонски јазик Андриана Митевска и Анкица Димитриевска реализираа едукативна посета на Институтот за македонски јазик ,, Крсте Мисирков" - Скопје.
Целта на посетата беше учениците одблиску да се запознаат со работата и значењето на Институтот како највисока научна установа за проучување, негување и развој на македонскиот јазик.како и да ги продлабочат своите знаења поврзани со историјата, развојот и современата употреба на македонскиот литературен јазик. За време на посетата, учениците беа пречекани од страна на стручни лица, кратко предавање за улогата на Институтот, неговите основни научни дејности, значајни проекти и побликации, а и за биографијата и делото на Крсте Мисирков, за неговиот придонес во кодификацијата и афирмацијата на македонскиот јазик им одржа професорката Лидија Тантуровска. Учениците покажаа голем интерес, активно учествуваа во разговорите и поставуваа прашања поврзани со јазичните идтражувања , дијалектите и правилната употреба на македонскиот јазик.Посетата придонесе за зголемување на нивната јазична култура, свест за значењето на мајчиниот јазик и поттикнување љубов кон зачувување на македонскиот национален идентитет и кон македонското културно наследство. Посетата беше исклучително успешна и корисна, a стекнатите знаења ќе бидат применети и продлабочени во наставниот процес по предметот македонски јазик и литература. Како знак на благодарност директорката на Инситутот ни подари неколку значајни книги за македонскиот јазик , кои ќе го збогатат книжниот фонд во нашата библиотека.
Одговорни наставници : Андриана Митевска и Анкица Димитриевска.

Галерија