Изработка на новогодишни украси

Во ПОУ „Мршевци“ се реализираше прекрасна заедничка активност со учениците од нашето збратимено училиште ООУ „Кочо Рацин“ – Огњанци. Во рамки на проектот Меѓуетничка интеграција во образованието, учениците заедно изработуваа новогодишни украси од рециклирачки материјали, со што ја покажаа својата креативност, соработка и детска искреност.
 
🎄 Посебно внимание привлече рачно изработената новогодишна елка, која ја декорираа со хартиени лампиони. На секој лампион учениците ги запишаа своите искрени желби за новата година – мали, но искрени пораки исполнети со надеж и позитивна енергија.
 
🎶 Средбата заврши со кратка забава, детска смеа и популарни песни. Навистина е прекрасно да се види дека јазикот што најдобро го зборуваат децата е играта, радоста и другарството.
✨ Благодарност до сите ученици и наставници кои ја направија оваа активност толку посебна!
 
Одговорни наставници
Колектив при ПОУ Мршевци
Nazmi Maloki
Mimoza Muhtari
Sanije Bakievska

Галерија