Новогодишни раскажувалки 2

📚Денес педагогот на училиштето Кристина Ѓоргиевска и наставникот по македонски јазик Анкица Димитриевска присуствуваа на Промоција на збирката раскази за деца „Новогодишни раскажувалки 2“ во ЈОУДГ „Гоце Делчев“ н. Илинден, каде се доделија признанија на авторите.
 
📌Настанот помина во празнична и топла атмосфера, исполнета со детска радост, книжевно творештво и дружење.
Присутните имаа можност да се запознаат со авторите, да слушнат дел од приказните и да ја почувствуваат магијата на новогодишните раскажувања.
Честитки до директорката на градинката и воспитувачките кои беа наградени 👏

Галерија