Сите сме еднакви!

Сите сме еднакви – лекција што се учи со срце !!!
 
Денес на часот по Општество, учениците од второ одделение имаа посебна можност и чест да се запознаат со нашиот гостин, средношколецот Стефан Теовски.
Стефан ги сподели своите лични искуства, предизвиците со кои се соочува секојдневно како лице со попреченост, но и убавите моменти на поддршка, прифаќање и другарство. Учениците внимателно слушаа, поставуваа прашања и ја научија најважната лекција – ВО НАШИОТ СВЕТ СИТЕ СМЕ ЕДНАКВИ!
Искрена благодарност до Стефан Теовски за неговата отвореност, храброст и инспиративната порака што им ја пренесе на нашите ученици.
 
Одд.наставник: Драгица Апостоловска

Галерија