Од семе до плод

Успешно реализирана проектна задача: „Од семе до плод“! 🌱
 
Во изминатите два месеци, учениците од второ одделение започнаа едно посебно образовно и животно патување. Од едно мало семе, со љубов, грижа и трпение, тие одгледаа свое растение – следејќи го секој чекор од ртењето, растењето, обликувањето на стеблото и листовите, па сè до моментот кога растението создаде сопствен плод.
Овој проект им овозможи на учениците практично да ја разберат природата, да ја почувствуваат одговорноста за живото суштество и да ја доживеат магијата на растењето.
 
Нашите второделенци уште еднаш докажаа дека најубавите лекции се учат преку искуство и истражување.
 
Одговорен наставник: Драгица Апостоловска