Бисери на Скопје

Во рамки на проектот „Меѓуетничка интеграција во образованието“ се реализираше активноста „Бисери на Скопје“. Оваа активност претставува соработка помеѓу учениците од предметна настава од нашето училиште и збратименото училиште ООУ „Кочо Рацин“ – с. Огњанци, обединети во заедничката мисија – да го откријат, почитуваат и промовираат богатото културно наследство на главниот град.
 
Учениците имаа можност да зачекорат низ времето и да се запознаат со најзначајните историски и културни обележја на Скопје, меѓу кои се монументалниот Камен Мост, извонредниот Куршумли Ан и духовно возвишениот Марков Манастир.
 
Посебна вредност на активноста ѝ даде употребата на современа технологија. Учениците беа снимени додека ги раскажуваа приказните за културните обележја, а потоа нивните видеа беа споделени и заеднички обработени. На овој начин се овозможи дополнителна интеракција, размена на идеи и креативна соработка помеѓу двете училишта.
 
Преку истражувачки задачи, творечки пристап и меѓусебна поддршка, младите учесници ја развиваа својата љубов кон историјата, го поттикнуваа тимскиот дух и создаваа трајни врски на пријателство. „Бисери на Скопје“ нè потсетува дека највредното наследство е она што го чуваме и споделуваме заедно – со срце, со знаење и со почит кон минатото.
 
Одговорни наставници:
Билјана Таниќ
Ruhide Adili

Галерија