Натпревар по спелување на англиски јазик

Во нашето училиште денес, традиционално, се одржа натпревар по спелување на англиски јазик за учениците од четврто и петто одделение од централното и подрачните училишта. Настанот предизвика голем интерес и бројно учество, а сите ученици покажаа одлично знаење, извонредна концентрација и голема посветеност. Им честитаме на сите за нивниот труд и ентузијазам!
 
Особени честитки упатуваме до најуспешните натпреварувачи:
 
🏆 Прво место: Даниел Ивановски – IV одделение
🥈 Второ место:  – Софија Марковска V-2 одделение
🥉 Трето место: Ена Јовановска – IV одделение
 
Ментор на учениците е предметниот наставник Сандра Мартиновска, која со својата поддршка и работа придонесе учениците да ги постигнат овие резултати.
Изучувањето на англискиот јазик претставува важен дел од современото образование, отвора нови можности и ја поттикнува самодовербата и комуникациските вештини кај учениците. Горди сме на нивната желба за учење и на успехот што го постигнаа.
Честитки до сите учесници и ментори – продолжуваме да ги поттикнуваме знаењето, талентот и љубовта кон странските јазици! 🌟📚🇬🇧
 
Одговорни наставници:
Емилија Стојановска
Марија Митрева
Сандра Мартиновска

Галерија