Професорот по одделенска настава Драгица Апостоловска имаше чест да прими признание од Црвениот крст на РМ. Ова признание таа не го доживува како свое лично, туку како признание за училиштето, за ангажманот, трудот и посветеноста на сите вработени.
Таа упатува голема благодарност до своите колеги, учениците и родителите – за секоја акција, секое учество, секој хуман гест и подадена рака. Нивната поддршка, ентузијазам и хуманост се причината поради која денес училиштето стои меѓу оние што придонесуваат да се создаде подобра и похумана заедница.