На 1 декември учениците од 7 одд. го одбележаа Светскиот ден за ХИВ и СИДА со интерактивна работилница!
Во духот на едукацијата и подигнувањето на свеста, учениците од нашето училиште активно се вклучија во одбележувањето на Светскиот ден за борба против ХИВ и СИДА .
Оваа година, фокусот беше ставен на модерна, ангажирачка и целосно интерактивна работилница, реализирана преку дигиталната платформа Curipod.
Работилницата имаше за цел да ги запознае учениците со клучните факти за ХИВ и СИДА, да ги отстрани постоечките стигми и предрасуди, и да ја нагласи важноста на превенцијата и поддршката.
Одговорен наставник: Александра Стоевска