Европски ознаки за квалитет за учебна 2024/2025

Честитки до нашите предметни наставници Емилија Стојановска и Елизабета Радевска, како и до нивните ученици, кои оваа година се здобија со престижните Европски ознаки за квалитет за учество во еТвининг проектите! 🌟
Овие ознаки претставуваат високо признание на европско ниво, кое го добиваат само најуспешните и најквалитетни проекти кои поттикнуваат соработка, креативност, интеркултурно учење и современи пристапи во наставата.
Горди сме на трудот, посветеноста и инспиративната работа која наставниците и учениците ја вложија изминатата учебна година. Нивниот успех е пример дека посветеноста, иновацијата и тимската работа неминовно водат до успех.

Галерија