Заедно ја шириме топлината таму каде што е најпотребна

Кога велиме дека училиштето е твој втор дом, тоа значи дека никогаш не си сам. Покрај себе имаш големо училишно семејство кое ти овозможува поддршка, грижа и топлина!
 
Во изминатите денови израдувавме 32 наши ученици со топли јакни, капи, шалови и ракавици. Секоја насмевка беше мала победа на добрината и потсетник дека хуманоста создава најубави моменти.
Искрена благодарност до Црвениот крст на Република Македонија – О.О. Гази Баба за донацијата и за тоа што заедно ја шириме топлината таму каде што е најпотребна.
Одговорен наставник: Драгица Апостоловска

Галерија