Денот на благодарноста

На 27.11.2025 година, на часовите по англиски јазик, заедно со учениците од ПОУ Мршевци, реализиравме активности посветени на Денот на благодарноста. Како дел од интеркултурните содржини во наставната програма, секогаш се трудиме да ги запознаеме учениците со празниците и обичаите што се практикуваат во различни култури ширум светот.
Учиме, истражуваме и разговараме за историјата, традициите и главните обележја на овој празник кој не потсетува на вистинските вредности во животот – семејството, заедништвото, великодушноста и благодарноста.
Овој ден е прекрасна можност да застанеме, да се запрашаме што е навистина најважно и да се потсетиме на сè за што треба да бидеме благодарни. Токму затоа веруваме дека е значајно од најмала возраст да ги насочуваме децата кон овие универзални вредности.
 
Одговорен наставник- Емилија Стојановска

Галерија