Активно вклучување на родителите во превенција од насилство и градење безбедна училишна средина

На 26.11.2025 во нашето училиште се одржа едукативна и интерактивна работилница со родителите на тема „Активно вклучување на родителите во превенција од насилство и градење безбедна училишна средина“. Настанот имаше за цел да ја истакне значајната улога на партнерството меѓу училиштето и родителите како заеднички столб во создавање сигурна, поддржувачка и развојна атмосфера за секое дете.
Особено впечатлив дел од настанот беше уникатниот перформанс подготвен од група ученици, кои преку кратки драматизации ја доловија емоционалната страна и последиците од насилството врз децата. Нивната изведба ја збогати работилницата и силно ја потенцираше значајноста на заедничката грижа и превенција.
На средбата беше присутен и претставник на Првата детска амбасада Меѓаши.
Организатор и реализатор: Драгица Апостоловска

Галерија