Насилно и ненасилно однесување во училиште

На 24.11.2025 година, педагогот Кристина Ѓоргиевска реализираше едукативна работилница во VIII-1 одделение на тема „Насилно и ненасилно однесување во училиште“. На работилницата беа обучени 10 ученици-едукатори, кои понатаму ќе ја пренесат стекнатата обука и знаења на уште 40 ученици, со цел подигнување на свеста за врсничкото насилство и промовирање позитивно однесување во училиште.
👥Оваа активност се реализира во рамки на проектот „Промоција на безбедна училишна средина” во соработка со Коалиција СЕГА и во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование – МЦГО, Прва детска амбасада во светот МЕЃАШИ и лабораторија за социјални иновации СмартАп, а поддржано од Детската Фондација Песталоци со заедничка цел - создавање на училишна безбедна средина. ✅

Галерија