Другарство

Денес педагогот на училиштето, заедно со учениците од VIII-2 одделение реализираа работилница на тема „Другарство“. Учениците изработија голем хамер исполнет со цртежи, пораки и мисли за тоа што значи да се биде добар другар. Преку креативниот процес, тие развиваа соработка, емпатија и позитивна комуникација.
Активноста беше исполнета со позитивна атмосфера, во која учениците покажаа силно чувство за тимска работа и единство.

 
Стручен соработник, педагог: Кристина Ѓоргиевска

Галерија