Современи светски трендови во образованието

Нашето училиште останува посветено на мисијата за следење и примена на современите светски трендови во образованието.
на 20.11.2025 година се одржа обука за наставници за користење на Curipod – дигиталната алатка која користи ВИ и ја претвора наставата во интерактивно, визуелно и вистински ангажирачко искуство. Наставниците со ентузијазам истражуваа нови можности, учеа како да создаваат интерактивни лекции кои ја подигнуваат ученичката креативност и ангажираност на повисоко ниво.
 
Горди сме што постојано инвестираме во професионалниот развој на нашите наставници и создаваме училиште кое е подготвено за иднината!
 
Обучувач: Драгица Апостоловска

Галерија