Светскиот ден на детето

На  20.11.2025, се одбележа Светскиот ден на детето, посветен на промовирање и заштита на детските права. Овој ден нè потсетува дека секое дете има право на љубов, грижа, образование и безбедно детство исполнето со радост.
Во оваа пригода, педагогот на училиштето заедно со учениците од 9-1 одделение активно учествуваа во реализирање на едукативни активности посветени на детските права. Да создадеме средина каде секое дете ќе се чувствува вредно, поддржано и слушнато, затоа што иднината започнува токму со нив.

 
Стручен соработник, педагог: Кристина Ѓоргиевска

Галерија