Превенција од зависности

Нашето училиште продолжува активно да работи на создавање безбедна, поддржувачка и здрава средина за сите ученици.
На 19.11.2025 година во нашето училиште, во соработка со Црвен крст О.О. Гази Баба, се одржа едукативно предавање на тема „Превенција од зависности“. Целта на овој настан беше подигнување на свеста кај учениците за ризиците, последиците и начините на заштита од различни видови зависности.
Учениците добија корисни информации, поставуваа прашања и научија како навремено да препознаат и како да се заштитат во потенцијално опасни ситуации.
 
Одговорен наставник: Драгица Апостоловска

Галерија