Библиотека на пријателство

На 14.11.2025 година во рамки на проектот Меѓуетничка интеграција во образованието, преку заеднички онлајн час, учениците од четврто одделение од ПОУ Мршевци и нивните другарчиња од збратименото училиште ООУ „Кочо Рацин“ – Огњанци ја реализираа креативната активност под наслов „Библиотека на пријателство“.
Во духот на меѓусебно почитување и учење, учениците подготвија драматизации и поетски интерпретации од познати детски автори.
📚 Нашите ученици се претставија со драмски текст и песнички од омилениот детски автор Ненад Џамбазов,
📚 а учениците од збратименото училиште ја оживеаја приказната „Агимеша заробена во седум пештери“ од Абдул Азиз Ислами.
Овој онлајн час уште еднаш покажа дека литературата е мост кој ги поврзува децата – без разлика на јазик, средина или различности. Кога учениците ги споделуваат своите култури, приказни и таленти, тие учат на најубавиот можен начин: преку пријателство, соработка и заемно почитување.
Заедно градиме училиште без граници – училиште во кое секој глас се слуша, секоја приказна е важна и секое дете е дел од големата Библиотека на пријателство. ❤️📖✨
Одговорни наставници:
Емилија Стојановска
Мерима Тушевска
Назми Малоку
Ремзије Беќа

Галерија