Обележување на Светскиот ден на дијабетесот во нашето училиште: Лекција за емпатија и знаење
По повод 14 Ноември – Светскиот ден на дијабетесот, во нашето училиште во рамките на стручниот актив на природно-математичката група се одржа едукативна активност во 8 и 9 одделение со цел да се подигне свеста за оваа состојба.
Активноста беше фокусирана на значењето на информираноста, поддршката и здравиот начин на живот за превенција и успешно справување со дијабетесот.
Наставникот Александра Стоевска одржа информативно предавање за шеќерната болест (дијабетес) – што претставува, кои се нејзините типови, како се одржува контрола и зошто е важен активниот и здрав живот.
Искуство од прва рака: Кулминација на настанот беше искрената и храбра презентација на нашата ученичка Теодора Илиевска .Таа е директно засегната од оваа состојба, несебично го сподели своето лично искуство со дијабетес, давајќи ни увид во секојдневните предизвици, успеси и важноста на разбирањето и поддршката од околината.
Нејзината презентација длабоко ги допре сите присутни и уште еднаш докажа дека дијабетесот не треба да биде табу тема, туку состојба со која може успешно да се живее со соодветно знаење и грижа.
Поддршката од семејството е клучна!
Голема чест беше и обраќањето на Ана Марија Илиевска, сестра на Теодора, која со своето објаснување ја истакна важноста на семејната поддршка.
Одговорен наставник:Александра Стоевска