Светски ден на љубезноста

По повод Светскиот ден на љубезноста, учениците од ПООУ Текија и Мршевци учествуваа во заеднички креативни и едукативни активности. Учениците изработуваа алки како симбол на љубезноста, извлекуваа ливчиња со имиња на соученици за да им ги подаруваат алките, бојеа боенки, играа игри и добиваа предизвици да направат едно љубезно дело. Преку овие активности, дискусии и споделени пораки, децата уште еднаш покажаа дека љубезноста, преку мали гестови, прави голема разлика.

Галерија