Недела на кодирање

Во рамки на еТвининг проектот K.A.I.N.D. – Kindness + AI for a New & Digital World, учениците од четврто одделение од ПОУ Мршевци, активно се вклучија во одбележувањето на Europe Code Week – европска иницијатива која го промовира развивањето на дигиталните вештини, логичкото размислување и креативноста кај младите.
Нашите ученици учествуваа со две интересни активности:
🎨 Во првата, офлајн активност, ги кодираа боите, следејќи зададени упатства за да создадат шарени и уникатни слики според кодот.
💡 Во втората, онлајн активност, се запознаа со програмата RodoCodo, преку која учеа како со едноставни чекори може да се создаваат алгоритми и да се решаваат предизвици.
Активноста беше пријавена на официјалната платформа codeweek.eu, а за своето учество и вложен труд учениците добија сертификати за учество – признание за нивниот интерес и љубопитност во светот на програмирањето.
Овие активности им помогнаа на учениците да развијат логичко размислување, способност за решавање проблеми и креативно создавање решенија – вештини кои се клучни за нивниот когнитивен и личен развој.
🌍 Во дигиталниот свет во кој растеме, важно е да ги учиме децата да ја користат технологијата паметно, одговорно и со цел да создаваат добро. 💫
Одговорен наставник - Емилија Стојановска

Галерија