Шеќерното дете повторно оживеа!

Шеќерното дете повторно оживеа!
 
🍭✨ Денеска учениците од трето одделение во подрачното училиште во Текија на креативен и вкусен начин го креираа главниот лик од книгата „Шеќерна приказна“ од Славко Јаневски.
Со големо задоволство и ентузијазам, учениците ги донесоа потребните намирници, а со помош на одделенскиот наставник подготвија смеса, го обликуваа и декорираа своето „шеќерно дете“. 🍰
Преку оваа активност, тие се стекнаа со практични вештини – мерење, подготовка на смеса, месење и декорирање, но најважно од сè, научија колку е убаво знаењето да се спои со креативноста и заедничката соработка.
Учениците беа пресреќни и исполнети, а ваквиот начин на учење – преку игра, вкус и имагинација – секогаш останува најомилен дел од часовите. ❤️
 
Одговорен наставник - Радица Блажевска

Галерија