Шеќерна приказна

Во рамки на обработката на лектирата „Шеќерна приказна“ од познатиот македонски автор Славко Јаневски, учениците од трето одделение од централното училиште го изработија главниот лик од книгата во форма на вкусен десерт. Оваа активност ги поттикна учениците да ја разбудат својата имагинација и да го креираат Шеќерното дете на еден интересен и уникатен начин.
 
Со интеграција на македонски јазик, ликовно образование и техничко образование познатата приказна оживеа во нашата училница, а најубавите приказни се оние кои ги креираме заедно!
Голема благодарност до родителите за соработката!

 
Одговорен наставник - Елена Карагунова

Галерија