Светски ден на јаболкото

На 21.10.2025 година, учениците од трето одделение од централното училиште го одбележаа Светскиот ден на јаболкото, со овошни салати од јаболка и по некоја крушка, засладени со мед и цимет. Некои дечиња прв пат ја пробаа комбинацијата јаболко со цимет но многу им се допадна. На оние што не им се допадна или имаат алергија на мед си јадеа само јаболче. Што е најважно од полна торба јаболка, чиниите останаа празни! Во друштво јадењето е секогаш е послатко!
 
Дополнително, учениците се запознаа со хранливите состојки на јаболкото како и со најпознатите региони во нашата земја во кои се одгледуваат јаболки.
 
И да не заборавиме - Јадете по едно јаболко на ден да бидете здрави како дрен! 🍎🍏🍎🍏🍐

 
Одговорен наставник - Елена Карагунова

Галерија