Подготвеност и дејствување при катастрофи

На 24.10.2025 година во нашето училиште во соработка со Црвениот крст на РСМ - О.О. Гази Баба, беше одржано предавање : Подготвеност и дејствување при катастрофи. Учениците од Ученичкиот Парламент имаа можност да се запознаат со начините на спасување и евакуација при природни катастрофи и елементарни непогоди. Целта на ова предавање беше да се подигне свеста кај младите за значењето на навремената реакција, солидарноста и меѓусебната помош во кризни ситуации.

 
Одговорен наставник: Драгица Апостоловска

Галерија