Работилница со Ученичкиот парламент

Во соработка со координаторот на проектот за нашето училиште, Билјана Арсовска и педагогот Кристина Ѓоргиевска, го реализиравме првиот модул од проектот „Безбедна училишна средина“. Модулот беше посветен на подобрување на комуникацијата и ефективното функционирање на Ученичкиот парламент.
 
Преку интерактивни активности учениците се запознаа со видовите на комуникација, вежбање водење состаноци, и развивање тимска работа преку иновативни методи.
 
Се радуваме на следните средби и нови знаења кои ќе придонесат за поактивни, посигурни и одговорни ученици! 🌟

Галерија