Споделување знаење – градење заедница!

Наставникот-ментор и еТвининг амбасадор Емилија Стојановска одржа дисеминација по посетената меѓународна конференција „Building Communities with Skills for Life“.
 
На средбата, колегите имаа можност да се запознаат со алатки поддржани од вештачка интелигенција кои можат да ја направат наставата поинтересна, поефикасна и поинтерактивна. Заедно ги разгледаа можностите, придобивките и предизвиците што ги носи оваа современа технологија, како и конкретни примери за нејзина примена при изработка на образовни ресурси.
 
Настанот покажа дека споделувањето знаење, искуства и идеи е најдобриот начин да се напредува – и како поединци, и како заедница на посветени наставници.

Галерија